Ријана е секси русокоса во ретро издание за V магазинот

22 април 2015

Поп кралицата Ријана се најде на насловната на магазинот V, овојпат во секси издание како ретро русокоса во многу провокативни комбинации.

Во фотосесијата сместена во магазинот направена од Стивен Клајн, можеме да ја видиме пејачката во топлес издание, но и во неколку полуголи колоритни комбинации.

Покрај жешката фотосесија, таа во интервјуто за магазинот говори за тоа дека повеќе не се грижи за нејзината приватност, бидејќи едноставно морала да се помири дека никогаш нема да ја остават на мира.

„Се обидувам да избегам од сето она што не ме стимулира. Често се наоѓам во ситуација како гравитирам кон подземјето. Таму наоѓам некоја креативна слобода што не можам да ја искусам на ниту едно друго место“, вели Ријана во интервјуто.

Понатаму во истото, таа говори и за нејзината пауза од две години која наиде на многу критики.

„Јас всушност не паузирав. Изминатите две години се години кога работев најмногу. Спремав два албуми, анимиран филм, се фотографирав за бројни магазини, дизајнирав колекција за Пума, лансирав нови парфеми, бев на турнеја, организирав многу настани. Покрај сето ова, јас напорно работев и на уште неколку други проекти за кои ќе дознаете во блиска иднина“, вели Ријана за крај на интервјуто.

rijana

Објавено:
22 април 2015
Категорија: 
Сцена