Завчера во Лос Анџелес премиерно беше прикажано новото научно-фантастично остварување на режисерот Лук Бесон, „Valerian and the city of a thousand planets".
Фото: Getty Images
Поп ѕвездата Ријана и топ моделот Кара Делевињ кои се дел од актерската екипа, вечерта беа главните ѕвезди на црвениот килим.
Фото: Getty Images
Ријана се појави во драматична, волуменозна тоалета во асиметричен крој, во нежно розова боја од Џамбатиста Вали и секако го „украде" модното шоу на црвениот килим.
Фото: Getty Images
Фото: Getty Images
Нејзината пријателка и колешка, Кара, тематски се надоврза на приказната од филмот, па одбра футуристички, транспарентен фустан во силвер варијанта, дело на холандската дизајнерка Ирис ван Харпен.
Фото: Getty Images
Фото: Getty Images
Фото: Getty Images
Денеска филмската екипа патува за Канада, каде филмот ќе биде прикажан во рамките на интернационалниот филмски фестивал „Fantasia".