Ријана ја враќа во мода чантичката околу половина

5 март 2014

Прекрасната пејачка од Барбадос во последно време постојано е актуелна со своите храбри модни избори. Ријана беше присутна на голем број од ревиите во рамки на модната недела во Париз и буквално на сите ревии изгледаше тотално секси!

Пејачката се одлучи за малку посмирена варијанта на ревијата на Шанел каде се појави во нежна виолетова комбинација, нормално, од колекцијата на истоимената модна куќа.

Покрај патиките Шанел што стануваат сѐ поактуелни кај девојките, (доколку сте љубопитни, истите чинат цели 3.000 евра), шармантната пејачка имаше и уште еден интересен избор – добро познатата чантичка околу половината што беше вистински хит пред многу години.

Со самото тоа што Ријана се одлучила да ја вметне во својата комбинација, нејзиното актуелизирање е повеќе од сигурно!

Ваквите торбички што ги носеа и жените и мажите, излегоа од мода уште во 90 – тите години, но очигледно е дека сега е вистинското време да ги побарате низ вашите плакари.

За и на оваа торбичка да и даде нешто свое, пејачката се одлучи на истата да прикачи сребен револвер како интересен избор на брош. Таа беше тотално уникатна и со изборот на масивната бисерна алка која одлично се вклопи со нејзината тетоважа на десната рака.

Објавено:
5 март 2014
Категорија: 
Сцена