Ријана на три фантастични насловни на францускиот Вог

22 ноември 2017

Годинава што веќе изминува беше уште една успешна година за Ријана која го задржа статусот на една од највлијателните жени во поп културата.

Ги сруши рекордите со продажбата на нејзината линија за убавина „Fenty", ќе биде една од ретко привилегираните домаќинки на престижната „Мет Гала", беше на врвот на светските топ листи со хитот „Wild thoughts", а годината ќе ја заокружи со три фантастични насловни страни на француското издание на Вог за декември-јануари.

Уредничката на францускиот Вог, Емануела Алт, ѝ отстапи дури три насловни на кои Ријана ја гледаме трансформирана во различни изданија, што за моден камелеон како неа е вообичаена карактеристика.

Фотографиите за насловните ги потпишуваат: Jean Paul Goude, Juergen Teller и Inez & Vinoodh.

 

Објавено:
22 ноември 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
273 пати