Ријана во тренди џемпер фустан од познатиот унгарски бренд Нанушка

16 август 2019

Веќе е повеќе од сигурно дека Ријана е една од најголемите трендсетерки во светот, а тоа го докажа и вчеравечер кога се појави во шик плетен фустан од познатиот унгарски бренд Нанушка на вечера во Санта Моника.

Како и секогаш, таа изгледаше супер стилски во ова урбано парче од брендот што го обожаваат и нејзините познати колешки, а фустанот таа го надополни со кружни сребрени обетки, нежно ланче и прстени.

Иако станува збор за зимски фустан, Ријана успешно го стилизираше со сандали со две ремчиња на висока потпетица и како и секогаш, изгледаше фантастично.

Се чини дека и оваа студена сезона парчињата од брендот ќе бидат вистински хит, а тоа го докажа и Ријана која на самиот старт на сезоната успешно го промовираше нивниот нов џемпер фустан од кашмир.

Фустанот е полн погодок за сечија фигура, а и за оние кои сакаат нешто секси, поради длабокиот отвор на едната нога. Дополнително, во предниот дел има карнер и кафена шнола која е сосема доволна да го истакне и онака стилското парче.

Како ви се допаѓа ова издание на пејачката и модна икона?

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
16 август 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.294 пати