Рики Мартин и сопругот му посакаа добредојде на четвртото дете

30 октомври 2019

Познатиот пејач Рики Мартин и неговиот сопруг Џуан Џозеф му посакаа добредојде на нивното четврто дете, синот Рен.

Веста тие ја објавија со заедничка фотографија на социјалните мрежи на која се гледа како пејачот го држи малото бебенце завиткано во марама.

Овој август, тие го запознаа светот и со нивната ќерка Луција, која беше родена во декември, а сега, само неколку месеци подоцна соопштија дека имаат уште едно дете со помош на сурогат мајка.

Веста дека го очекуваат четвртото дете пејачот ја објави минатиот месец за време на говорот на еден хуманитарен настан објавувајќи дека наскоро нивното семејство ќе се прошири.

„Морам да ви кажам...Ние сме бремени, во очекување сме на уште едно дете. Многу сакам големо семејство“, изјави пејачот минатиот месец.

Пејачот и Џуан се во брак две години, а заедно ги имаат децата Луција и сега, Рен, додека Мартин во 2008 – та стана татко на две близначиња Матео и Валентино со помош на сурогат мајка.

Инфо и фото: Daily Mail

 

Објавено:
30 октомври 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.396 пати