Секоја година во италијанската престолнина пет дена (од 12-ти до 16-ти јули) се посветени на високата мода, односно кремот на италијанската мода е собран во Рим за да ги изложи пред очите на јавноста своите haute couture уметнички експонати. Вечниот град е место каде секоја година најпознатите италијански дизајнери ги презентираат своите колекции кои ќе бидат актуелни наредната сезона. Одлична прилика не само за промоција, туку и на едно место да се видат претставници на од ѕвезденото и монденско општество во Италија.
Свои модни ревии на модната недела за висока мода имаа Гада Курти, Луиџи Борбоне, Сарли Кутур, Рани Закем, Антонела Роси и многу други. На модните шоуа присуствуваа голем број познати имиња од јавниот живот за кои секако беа резервирани првите редови. Амбиентот ви го пренесуваме преку фотографиите во продолжение.