Брендот за спортска опрема Адидас добива нов дизајнер! Според последните информации што го обиколија интернетот, младата и шармантна американска пејачка Рита Ора потпишала договор вреден 1.5 милиони долари со германскиот бренд.
Според истиот, таа треба да создаде нова колекција за брендот, но се уште не се знае од што ќе се содржи истата. Информациите не се потврдени ниту од двете страни, па токму затоа се уште не може да се радуваме на оваа вест.
Доколку истото е вистина, може да очекуваме навистина интересна колекција од пејачката, со оглед на нејзиниот супер и шик стил кога станува збор за спортска опрема.
22 - годишната пејачка неодамна потпиша договор со козметичката куќа Римел, а резултатите од истата ќе може да ги видиме во февруари 2014 година.
Претходно, за Адидас креираа некои од најпознатите светски дизајнери како Стела Мекартни, Џереми Скот и Раф Симонс.