Рита Ора во љубовна врска со синот на Томи Хилфигер

8 јули 2014

Во последно време, актуелни беа  љубовните шепотења помеѓу Бредли Купер  и Суки Ватерхаус,  вчера црвениот килим во Париз беше маѓепсан од ѕвездениот пар Шарлиз Терон и Шон Пен, а веќе денеска актуелна вест е љубовната врска на манекенката и пејачка Рита Ора  со синот на модниот дизајнер Томи Хилфигер, Рики.

Неуморните папараци, веднаш ги објавија заедничките фотографии на познатата двојка, но сепак тие сè уште официјално не ја потврдиле нивната врска во јавноста. Некои дури сметаат дека ова е одлична можност за пејачката која би можела да си го олесни патот до заштитно лице на некоја од идните кампањи на модната куќа.

Според изјавите на Твитер кои ги споделува Рики кој е познат рап артист, главната причина за да го помине летото во Лондон е токму убавата Рита. Од друга страна, пак пријателите на пејачката се загрижени за неа бидејќи Рики е познат како„лошо“ момче. Тој веќе има свое досие во полиција и е обвинет за земање на нелегални суптанци.

Имено врската со претходното момче на Рита Ора,  Калвин Харис со кого таа се забавуваше долго време беше мошне јавна, тие дури и раскинаа користејќи ги социјалните мрежи. Се надеваме дека медиумскиот притисок нема да бидепричина за уште едно љубовно разочарување на Ора. Погледнете колку неодоливо изгледа новиот холивудски пар.

 

Објавено:
8 јули 2014
Категорија: 
Сцена