Романтичниот цветен фустан на Кејт Мидлтон освојува внимание

11 септември 2019

Војвотката Кејт Мидлтон долги години е позната по нејзиниот беспрекорен стил и љубовта кон шармантните фустани, па токму во еден таков можевме да ја видиме и на последниот настан во една кралска градина во местото Висли.

Овојпат, таа обра цветен фустан со должина до под колената и ремен на половината од ресортот на една од нејзините омилени дизајнерки Емилија Викстед.

И онака прекрасниот флорален фустан војвотката го комбинираше со нејзините омилени сандали на потпетица кои обожува да ги комбинира со различни парчиња.

Како и секогаш, нејзината фризура беше беспрекорно уредна со минимални бранови, а шминката нежна и во земјени тонови.

Инфо; Harper's Bazaar

Фото: Getty Images

 

Објавено:
11 септември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
721 пати