Роси Хантингтон Вајтли ја потврди свршувачката со Џејсон Статам

11 јануари 2016

Покрај бројните прекрасни фустани што вчеравечер можевме да ги видиме на доделувањето на Златните глобуси, Роси Хантингтон Вајтли го носеше најубавиот накит што една девојка може да си го посака. 

Конечно, таа му го покажа на светот нејзиниот свршенички прстен со што се потврди веста дека шармантниот Џејсон Статам побарал да биде негова доживотна сопатничка. 

Двојката е во врска цели пет години, а сега конечно и ќе ја официјализираат нивната врска. Веста ја потврди и портпаролот на манекенката за британски Дејли Мејл. 

На доделувањето на наградите таа се појави во нежна тоалета во златна нијанса од Версаче, дополнета со романтична фризура и едноставна шминка. 

Подеднакво шик беше и нејзиниот свршеник, актерот Џејсон Статам кој се одлучи за елегантна комбинација составена од панталони и модерно кадифено палто. 

Погледнете го фантастичниот прстен со кој Роси блесна на доделувањето на наградите.

Објавено:
11 јануари 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.652 пати