Рози Хантингтон: Сега се бараат не само убави туку и паметни модели

15 октомври 2013

Откако во едно интервју Рози откри дека кога ја започнала манекенската кариера ја принудувале да јаде само едно суши дневно, сега таа објаснува за искуствата во нејзината 10 годишна манекенска кариера. Од својата 16-та година таа присуствува на многу кастинзи и снимања и вели дека времињата во модната индустрија се промениле.

-Сега од манекенките не се бара само да се убави, витки и високи, важен е и нивниот карактер, мислење и личност. Еден пример е манекенката Кара Делевињ која е доста актуелна, но таа девојка мора да знае дека за се има граница. Токму статусот кој сега таа го ужива може многу брзо да се сруши ако не знае паметно да „игра“. Знаете, кога сте на врвот останатите едвај чекаат да паднете на дното, вели Рози.

Таа се сеќава и на едно лошо искуство од тинејџерските денови кога наместо пари за ангажман и биле дадени не оригинал чизми.

-Кога влегов во еден ресторан и ги носев чизмите почнаа сите да ме гледаат и да ми се смеат, тогаш сфатив дека носам лажни чизми што не се оригинал, а оние што ме набљудуваа добро го знаеја тоа, раскажува Рози.

Таа ги советува сите манекенки дека модната индустрија не е розова туку многу сурова, а успеваат само интелегентните девојки.

Објавено:
15 октомври 2013
Категорија: 
Сцена