Розовата во фокус: Средбата на Кејт Мидлтон и Џил Бајден привлече модно внимание

14 јуни 2021

Војвотката од Кембриџ и првата дама на САД неодамна заедно го посетија Корнвол во Велика Британија.

Ова беше нивна прва средба, а причината беше дискусија околу предучилишното образование во локалното училиште.

Модните медиуми пак, посветија внимание на тоа како овие две дами изгледаа.

Она што се забележува веднаш е дека розовите нијанси беа во фокусот.

Кејт Мидлтон одбра беспрекорна елегантна креција со потпис на модната куќа „Александар Меквин“, со нагласени раменици.

Од друга страна пак, првата дама на САД, Џил Бајден се одлучи за снежно бел фустан од брендот „Акрис“, додека пак блејзерот во фукксија нијанса е од „Лагенсе“.

И двете дами одбраа чевли во беж нијанси, што беше полн погодок.

Изборот на Џил беа сандали од брендот „Валнтино“, додека пак, Кејт се одлучи за чевли од Руперт Сандерсон.

Мора да признаеме дека изгледот на двете е дамски, женствн и елегантен - полн моден погодок соодветен за пригодата.

 

Објавено:
14 јуни 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.350 пати