Руни Мара и Хоакин Феникс добија син!

28 септември 2020

Холивудскиот пар Руни Мара и Хоакин Феникс добија син.

Иако парот својата приватност ја чува далеку од очите на јавноста, сепак деновиве информацијата ја потврди режисерот Виктор Косаковски, кој на проекцијата на неговиот филм „Gunda" го оправда отсуството на Феникс (инаку продуцент на филмот), со тоа што објави дека станал татко и добил синче.

Нивниот син го носи името Ривер, по братот на Хоакин, кој трагично го изгубил животот во 1993 година кога имал само 23 години. Оваа семејна трагедија оставила силна емотивна празнина кај оскаровецот, па неговиот говор при свеченото примање на Оскарот за улогата на Џокер, во голем дел беше посветена токму на неговиот брат.

Инаку, со оглед на тоа дека парот ја држи приватноста во тесен круг, други детали околу приновата во семејството на Руни и Хоакин сè уште не се објавени.

 

Објавено:
28 септември 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
521 пати