SAG Awards: Највпечатливите модни изданија

6 април 2021

Одбројуваме до новото издание на „Оскарите“, а пред нив секогаш се SAG Awards, кои се сметаат и за прогнозер на фаворитите за најпрестижната филмска награда, а ги доделува „Здружението на актерите“.

Така на пример, лани сите поединечни добитници на САГ- наградите -  Рене Зелвегер, Бред Пит, Лора Дерн, Хоакин Феникс - беа добитници и на „Оскар“.

Оваа година меѓу наградените се најдоа Џилијан Андерсон, Вајола Дејвис, Даниел Калуја, Кетрин О'Хара, Џејсон Судекис...

За најдобар филм е прогласен „The Trial of the Chicago 7“ во продукција на „Нетфликс“.

Комплетната листа на наградени по категории можете да ја видите тука.

Но, покрај натпреварувачкиот дел, интересно беше да се види и каков моден избор направиле ѕвездите.

Со оглед дека манифестацијата се одржа виртуелно, црвениот килим изостана, но не и дозата гламур.

Преку инстаграм фотографии од своите домови или пак специјално направени фото-сесии, познатите ѕвезди одлучија да се дотераат како што тоа би го направиле и во нормални услови.

Синтија Ериvо во Александар Меквин

Лили Колинс

Лили Колинс и Синтија Ериво се одлучија за златни нијанси. Првата носеше кратка, но мошне впечатлива и луксузна креација со потпис на Хобеика, додека пак, изборот на Ервино беше модната куќа „Александар Меквин“.

Кери Вашингтон одбра фантастична креација на „Ердем“, презентирајќи го својот изглед на впечатлив и помалку необичен начин - од својот базен.

Кери Вашингтон во „Етро“

Џилијан Андерсон изгледаше фантастично во широката тоалета со корсет во богата црвена боја од „Долче и Габана“, а изборот на Џурни Смолет беше гламурозна креација во свежа пинк нијанса од колекција на Зухаир Мурад.

Џилијан Андерсон во „Долче и Габана“

Џурне Смолет во Зухаир Мурад

Секако, тие не беа единствените кои привлекоа внимание, може да се рече дека овој виртуелен црвен килим е еден од подобрите кои имавме можност да ги видиме изминатиов период.

Погледнете како изгледаа останатите: 

Аби Ли во Сен Лоран

Никол Кидман во Армани

Вајола Дејвис во Луј Витон

Ел Фанинг во Гучи

Кери Мулиган во Прада

Лесли Одом Џуниор во „Берлути“

Ања Тејлор Џој во „Вера Ванг“

Кејт Бланшет во „Живанши“

Ема Корин во „Прада“

Реге Жан Пејџ во „Луј Витон“

Никола Коглан во креација на Кристијан Сиријано

Кетрин О'Хара во Том Браун

Даниел Калуја во Луј Витон

Еди Редмејн во „Гучи“

Јужин Леви во „Прада“

Флоренс Хант во Red Valentino

Глен Клос во „Оскар де ла Рента“

Џаред Лето во „Гучи“

Хелен Мирен во креација на Беџли Мишка

Џонатан Бејли

Келвин Харисон Џуниор во „Гучи“

Џош О'Конор во „Loewe“

Марија Бакалова во „Диор“

Мерли Дандриџ во Georges Chakra Couture

Минди Калинг во креација на Алекс Пери

Реа Сихорн во „Greta Constatntine“

Сем Мекарти во „Кензо“

Сара Леви во креација на Моник Луиле

Ванеса Кирби во „Живанши“

Zosia Mamet in a Miu Miu

 

фото: Instagram.com; 

Објавено:
6 април 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
338 пати
Тагови: 
SAG Awards