Во Лос Анџелес вчера се одржа 26 издание на САГ наградите (Screen Actors Guild), односно награди кои ги доделува здужението на актерите. 

Како и „Златните глобуси“, се сметаат за предвесник на „Оскарите“, барем кога се наградите во прашање.

За наградите...

А кога се наградените во прашање, Рене Зелвегер освои награда за Најдобра актерка за „Џуди“ и наградата ѝ ја посвети токму неа. 

„Џуди Гарланд, 50 години подоцна, твојата заедница мисли на тебе вечерва. Ова е за тебе. 

Хоакин Феникс ја освои награда за неговата улога како Џокер, а во говорот му се заблагодари на Хит Леџер, но не штедеше зборови и за неговите „конкуренти“ во категоријата (Кристијан Бејл, Леонардо Дикаприо, Адам Драјвер и Тарон Егертон).

„Стојам овде, на заслугите на мојот омилен актер, Хит Леџер“, изјави Феникс.

А претходно, почнувајќи од Дикаприо, посвети по некоја реченица за оние што не ја добија наградата.

“Кога почнав повторно да глумам, да одам на аудиција, секогаш го добивав последниот повик. Многу луѓе знаат како тоа изгледа. Има уште двајца јаки момци „против тебе“. Ние секогаш ќе изгубевме на ова дете. Ниеден актер никогаш не го изговараше неговото име, бидејќи ќе беше премногу, но секој директор на кастигн ќе речеше: „Леонардо е“. Кој е тој Леонардо? Ти си инспирација за мене, но и за многу други, повеќе од 25 години и многу многу ти благодарам“, рече Хоакин, а потоа се префрли на Бејл, шегувајќи се.

“Се посветуваш на улогите на начин за кој јас можам само да сонувам. Никогаш не сум имал лош перформанс. Вознемирувачки е. Посакувам да имаш. Макар еднаш. Само еднаш биди за никаде. Би било супер“. 

На ред беше Драјвер, а Феникс рече: „Те гледам последниве неколку години и ти имаш фантастични улоги, навистина сум трогнат од тебе, беше неверојатен во овој филм. И местото навистина ти е тука“.

Егертон беше актерот со кој го заврши овој дел. За потсетување, младиот актер освои „Златен глобус“ за улогата на Елтон Џон во „Рокетмен“. 

„Толку си прекрасен во овој филм. Навистина се радувам за тебе. Едвај чекам да видам што друго можеш да направиш“.

Роберт де Ниро ја освои наградата за животно дело. Бред Пит е награден за улогата во „Си беше еднаш во Холивуд“, а Џенифер Анистон, сосема неочекувајќи, ја доби наградата за улогата во тв драмата „Утринско шоу“, што воедно е нејзино враќање на овие награди по „Пријатели“.

Филмот „Паразит“, кој е конкурент на „Медена земја“ за „Оскар“ во категоријата за Најдобар интернационален филм, ја освои наградата за Најдобар филм и испиша историја, бидејќи досега не се случило јужнокорејска екипа да биде наградена со ова престижно признание.

Комплетната листа на добитници можете да ја видите ТУКА.

Вечерта помина и во знакот на Лук Пери, кој почина минатата година, а актерите му одадоа почест.

 

 За црвениот килим...

 Кога е црвениот килим во прашање, речиси сите се потрудија да изгледаат гламурозно. Ден потоа се зборува за фантастичниот изглед на Скарлет Јохансон која блесна во прекрасна креација со потпис на „Армани“. 

На листата на најдобро облечени се најде и Џенифер Лопез, која освен убавата креација, на себе носеше и накит од „Тифани“ вреден девет милиони долари.

Впечаток остави и Џенифер Анистон, која конечно одлучи да паузира од црната, па се одлучи за бела креација. Но, она што е уште поинтересно од тоа дека совршено ја истакнува нејзината фигура е тоа што се работи за винтиџ креација од модната куќа „Диор“. Имено, белиот фустан, е креација на Џон Галијано за време на неговиот ангажман во „Диор“.

Рене Зелвегер и Никол Кидман имаа софистицирани креации во темносина нијанса, едната со потпис на Мезон Марџела, а другот на Мајкл Корс.

Како беа дотерани останатите, погледнете во галеријата погоре.

 

За  реобединувањата...

Оваа вечер беше и вечер на реобединувања. Покрај Џенифер Анистон и Бред Пит, кои буквално го украдоа сето внимание, САГ наградите беше идеално место каде што се видоа голем број колеги.

Погледнете:

Екипата на Big Little Lies

 

Бред Пит и Хелена Картер Бонам можеби се присетија на времето кога глумеа во Fight Club

 

Во 2004 година се појави филмот „Surviving Christmas“, а во него ги гледавме токму Кристина Аплгејт и Кетрин Охара, заедно со Бен Афлек и Џејмс Гандолфини

 

Бред и Лупита ги гледавме заедно во „12 години ропство“

 

Дакота Фенинф го поздрави Роберт де Ниро, со кого соработуваа заедно во 2005, на филмот „Hide and Seek“. Дакота тогаш имаше 10 години...

 

Том Хенкс и Јуџин Леви играа заедно во комедијата „Splash“ во 1984 година... Се најдоа на ист настан 36 години подоцна...

 

Актерите од „Игра на престоли“ се најдоа заедно на сцената

 

Екипата на Stranger Things

 

Екипата на SCHITT'S CREEK

 

Леонардо Дикаприо и Џејми Фокс ги гледавме заедно во „Џанго“


Ви текнува на филмот „Робин Худ во хеланки“? Еве дел од актерите!


Старите пријатели кои многу пати и соработувале заедно, повторно заедно и на овој настан

 

 Рене Зелвегер и Кетрин Зета Џонс ги гледавме заедно во „Чикаго“

 

 

Објавено:
20 јануари 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
6.984 пати
Тагови: 
САГ награди