Сакате цветен принт? Мерил Стрип и Сиена Милер знаат како се носи!

2 септември 2019

Венецискиот филмски фестивал ќе трае до крајот на оваа недела, а викендов помина прилично забележано.

На црвениот килим вчера се појавија и Мерил Стрип (70) и Сиена Милер (37), а причината беше новиот филм во кој глумат двете насловен како „Laundromat“, а кој е во трка за „Златен лав“.

Она што нас ни го привлече вниманието се фустаните кои ги носеа и во кои изгледаа прекрасно. Имено, и двете одбраа креации со цветен принт, односно апликации.

фото извор: dailymail.co.uk

Изборот на Сиена беше долг фустан, со широк крој и лелеави пеперутка-ракави, со светкави апликации од цвеќиња направени од монистра и светкави ткаениние. Се работи за креација од „Гучи“ специјално создадена за оваа прилика. Актерката го комплетираше изгледот со златни чевли и мала чанта. 

фото извор: dailymail.co.uk

фото извор: dailymail.co.uk

@hydrogenmagazine

@airbukfashion

@deboraluca_makeupartist_venice

Од друга страна, Мерил ја видовме во миди, асиметричен фустан со цветен принт од модната куќа „Живанши“. Со долги и широки ракави, како и елегантна јака околу вратот, актерката покажа женствен и дамски изглед. Комбинацијата ја заокружи со црвено-портокалови салонки на висока потпетица, со што внесе и доза на сексапил.

@offtherecord.mag

Но, она што најмногу од сè се забележа кај неа и што магнетски привлекува е расположението и широката насмевка. Таа на црвениот ќилим се појави со фантастична енергија, која фотографите се обидоа да ја претстават и преку фотографија.

@moviestruckerscom

Заедно со колегата Гери Олдман (61) покажаа спонаност, елеганција и енергија каква што многу други само би можеле да посакаат.

Некои ќе речат дека дури и тоа е глума, за да привлечат што повеќе публика. Па дури и да е така - им успева!

 @offtherecord.mag

@chilly_pepper

@chilly_pepper

@chilly_pepper

@chilly_pepper

@chilly_pepper

@ilikeicedcoffee

@simply_the_best_ms

@chilly_pepper

@simply_the_best_ms

Објавено:
2 септември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.389 пати