Саманта Маркл до Меган: Дали го праша нашиот татко како е по срцевиот удар?

26 октомври 2019

Деновиве главна вест во британските медиуми е документарецот за принцот Хари и Меган Маркл снимен за време на нивната турнеја низ Африка, во кој тие за прв пат искрено говорат за тоа како се чувствуваат под будното око на јавноста.

Во интервјуто, Меган ќе каже дека никој воопшто не ја прашал дали таа е ок, на што британската јавност бурно реагираше посочувајќи дека има толку многу поголеми проблеми на кои тие треба да се посветат.

Фото: Elle

Мислењето на Британците го дели и полусестрата на Меган, Саманта која во интервју за Inside Edition ќе каже дека Меган никогаш и не го прашала нивниот татко како тој всушност се чувствува по сериозните срцеви заболувања.

„Додека говореше за тоа дека никој не ја прашува како е, си реков, колку е контрадикторна...Дали ти си го прашала нашиот татко како е откако два пати преживеа срцев удар?“, вели Саманта во интервјуто.

Нејзината сестра, со која таа не се видела повеќе од 10 години, вели дека не е примерно таа да се жали за позицијата војвотка, нешто на што сама се согласила.

Фото: Mirror

„Таа знаеше што ја чека и во што се впушта. Го доби тоа што го сакаше, а сега нека се соочи со последиците. Мислам дека е апсурдно некој што троши милиони на летови со приватни авиони да се жали за нешто. Како некој со милиони како неа воопшто може да се жали“, вели Саманта.

Томас Маркл е татко на Меган и Саманта (Фото: Mirror)

Таа додава и дека нејзината намера не е да почне медиумска војна со Меган, туку дека едноставно сака таа да ја чуе вистината која секогаш боли. Овој момент, таа го искористи и да проговори за нејзиниот внук Арчи.

„Малиот Арчи е преслатко бебе. Многу личи на Хари“, изјави Саманта посочувајќи дека за прв пат го видела на кралските фотографии.

Инфо: Tportal.hr

Објавено:
26 октомври 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
5.161 пати