Сандра Булок: Актерка со беспрекорен шарм и софистицирано чувство за мода

17 јануари 2014

Стилот и посебното чувство за мода на оваа холивудска дива едноставно не може да се опише во неколку реченици. Сандра Булок е дефинитивно актерка со изострено чувство за мода, а тоа го покажа и со нејзините последни појавувања на промоциите на филмот „Gravity“ и „The Heat“.

Иако некако научивме да ја гледаме во лежерни варијанти, особено на нејзините омилени прошетки, во последно време таа нè изненади со тесните и сосема секси фустани за кои се одлучи на неколку настани.

Во текот на нејзината кариера можевме да видиме како таа експериментира со модата и повеќе го милува „машкиот“ стил, а тоа особено го покажа со нејзините комбинации во Miss Congeniality, но и во нејзиното претпоследно остварување под името „The Heat“.

Она што е интересно за оваа филмска дива е нејзиниот храбар избор кога станува збор за тоалети, комбинезони и светли бои – но, тоа не е случај во последно време кога можевме да ја видиме во сосема женствени изданија.

Кога станува збор за нејзините филмски остварувања и стилот и модата во истите, таа баш и не може да се пофали со добри парчиња. Секаде можевме да ја видиме во едноставни комбинации за кои не се говореше долго потоа. И во Speed и во Miss Congeniality, а подоцна и во The Blind Side и The Proposal, па и во The Heat можевме да ја видиме во сосема обични и не толку женствени парчиња.

Но, тоа воопшто и не беше забележително со оглед на нејзината неверојатна глума, беспрекорен шарм и „луди“ шеги.

Во продолжение погледнете некои од нејзините највпечатливи стајлинзи низ годините на неколку појавувања на црвениот килим и неколку нејзини омилени, лежерни варијанти.

Објавено:
17 јануари 2014
Категорија: 
Сцена