Сара Џесика Паркер снима нова серија за HBO!

22 декември 2014

Црвен аларм за сите обожаватели на култната серија „Сексот и градот“! Омилената Сара Џесика Паркер конечно се враќа на екраните со интересна улога за новата серија во продукција на HBO.

Во моментов, телевизијата ги завршува сите детали околу новата серија чиј работен наслов е „Развод“, а сценариото за истата го напиша британската актерка и сценаристка Шерон Хорган.

Првите информации велат дека во серијата ќе биде раскажана комична приказна за еден долг развод на интересна двојка. Серијата ќе се снима во Њујорк, а ова е всушност првата поголема улога во серија за Сара Џесика Паркер, по завршувањето на култната Сексот и градот.

Последно, таа имаше мини улога во познатата серија Glee, додека на филмското платно следен проект за неа е All Roads Lead To Rome.

Објавено:
22 декември 2014
Категорија: 
Сцена