Се омажи дизајнерката Фрида Џанини

10 јуни 2015

frida-wedding-vogue-2-9jun15-instagram-oliviamariotti_b

Поранешната дизајнерка на модната куќа „Гучи“, Фрида Џанини изминатиов викенд се омажи за својот долгодишен партнер Патрицио ди Марко, инаку исто така поранешен вработен во „Гучи“ на позицијата извршен директор. Веселбата се одржала во Рим, а за овој свечен чин дизајнерката одбрала венчаница, верувале или не, од модната куќа „Валентино“. Токму овој бренд беше задолжен и за розовото фустанче на нивната двегодишна ќерка Грета.

collage1

Инаку, познатата двојка во исто време си замина од „Гучи“, па затоа и не изнеадува фактот што за овој важен ден се одлучиле довербата да ја дадат на нивните пријатели Марија Грација Кјури и Пјерпаоли Пичоли кои веќе со години работата за „Валентино“.

collage2

Кои се следните деловни чекори на познатата, сега веќе и брачна двојка, се' уште не е познато.

frida-wedding-vogue-3-9jun15-instagram-oliviamariotti_b2_320x480

Објавено:
10 јуни 2015
Категорија: 
Сцена