Се ожени британскиот премиер Борис Џонсон

31 мај 2021

После веста за тајната венчавка на британскиот премиер Борис Џонсон (56) и неговата вереница Кери Сајмондс (33), се појавија и првите фотографии во јавноста.

 

Двојката во саботата попладне ги разменила брачните завети во Вестминстерската катедрала, а нивната венчавка изненадила многумина бидејќи Борис и Кери шест дена претходно ги пратиле поканите за прославата.

Како пренесува „Дејли Мејл“ сè било осмилесно така да се држи во тајност. 

Сепак, во дел од медиумите излегоа и првите фотографии. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by NewsWireNGR (@newswirengr)

 

Таа носи романтична венчаница со везен тул од брендот „Costarellos“, чија цена изнесува околу 4.000 долари.

Со оглед на амбиентот, се работи за летна винтиџ венчавка на која имало околу 30 гости. Само мал дел од црквените служвеници биле дел од подготовката за венчавката, а со цел почитување на мерките за заштита од Ковид-19.

 

Објавено:
31 мај 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
440 пати