Се ожени раперот, продуцент и дизајнер Фарел Вилијамс

14 октомври 2013

Иако минатата година се шпекулираше дека Фарел и неговата девојка Хелен ја раскинаа врската, познатиот пар докажа дека злите коментари се неточни. Пред  два дена Вилијамс и моделот Хелен се венчаа на јахта во Мајами, а притоа имаа необична венчавка која вклучуваше и настапи на познати музичари како Ашер, Баста Рајмс, Џастин Тимберлејк и Џеј Зи.

 

Невестата и младоженецот  имаа интересни стајлинзи што не се карактеристични за останатите класични венчавки, додека за официјален фотограф го имаа Тери Ричардсон. Фарел и неговата избраничка носеа карирани принтови, тој црвен кариран костум а таа долга сива карирана венчаница.

 

Инаку ново печената брачна двојка веќе го има четири годишниот син Рокет, а Фарел во последниот период освен кон музиката своите интереси ги насочи и кон модата со покревањето на сопствена модна линија која го носи името „Billionare Boys Club“, а моментално работи и на лансирање на парфем со неговото име.

 

 

 

Објавено:
14 октомври 2013
Категорија: 
Сцена