Се разведе Адел!

20 април 2019

Вест број еден во британските медиуми во моментов е разделувањето на Адел (30) со нејзиниот сопруг Симон Конецки (45). 

Информацијата ја потврдија вчера и претставниците за јавност на пејачката:

„Адел и нејзиниот партнер се разделија. Тие согласија заеднички да го одгледуваат нивниот син, со љубов и посветеност. Ве молиме да ја почитувате приватноста на двојката и понатамошни коментари на темата нема да има“, се вели во соопштението.

Британската ѕвезда е позната по тоа што умее вешто да го сокрие приватниот живот од очите на јавноста. Причините за разводот воопшто не се познати, а никој и не знаеше дека е мажена. За потсетување, информацијата ја откри во 2017 на доделувањето на „Греми“ наградите, кога и јавно му се заблагодари на својот „сопруг“. 

Тоа беше шок за сите, но зад овој чекор стоела пет годишна врска помеѓу Симон и Адел.

Адел го роди синот Анџело во 2012 година, а бракот со Кокецки се случи во 2016 година.

Кога е кариерата во прашање, таа зад себе има три ултра популарни албуми - „19“, „21“, „25“.  Третиот беше продаден во рекордни 800.000 примероци во првата недела и стана најдобро продаваниот албум за 2015 година. 

Во март се појавија фотографии како влегува во музичкото студио во Њујорк, по што се рашири информацијата дека пејачката подготвува нови песни. 

Објавено:
20 април 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.245 пати