Се сврши Леонардо Дикаприо?!

13 октомври 2015

Светските медиуми не претстануваат да зборуваат за тоа дека Леонардо Дикаприо му стави крај на ергенскиот живот. 

Прв информацијата ја објави магазинот „ОК“, но официјална потврда сè уште нема. Според нивното пишување, актерот ја запросил манекенката Кели Рорбах во еден ресторан.

Кели Рорбах

-Не беше ништо планирано. Едноставно, тоа се случи додека вечераа. Пиеја црно вино и уживаа еден во друг. Очигледно се многу вљубени. Таа е неверојатно интелигентна и со него ја дели страста за очувување на планетата. Поврзани се на еден поинаков начин, нешто што Леонардо досега не чувствувал ниту за една друга девојка - вели за магазинот неименуван извор.

Познато е дека на актерот слабост му се моделите, а со Кели е во врска неполни пет месеци. Неговата поранешна девојка, Бар Рафаели неодамна се омажи, а дали тој навистина ќе го следи нејзиниот пример, останува да видиме. 

Сега за сега, сè останува на шпекулации.

Објавено:
13 октомври 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.279 пати