Се верија Гвен Стефани и Блејк Шелтон

28 октомври 2020

По пет години љубов, познатиот пар Гвен Стефани и Блејк Шелтон сега решија да се верат, а со тоа и да ја официјализираат нивната врска.

Убавата вест ја објавија на Инстаграм со фотографија на која Гвен го покажува вереничкиот прстен.

Кантри пејачот пак ја репостираше фотографијата и на неговиот Твитер профил со опис:

„@gwenstefani ти благодарам што ја спаси мојата 2020... И остатокот од мојот живот. Те сакам. Ми кажа ДА!".

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Gwen Stefani (@gwenstefani) onOct 27, 2020 at 10:09am PDT

Како што наведува магазинот „People", Шелтон ја запросил својата љубена на неговиот ранч во Оклахома, каде парот е изолиран за целиот овој период за време на пандемијата.

Тие се запознаа на снимањето на познатото талент шоу „The Voice" во 2014 година, а една година подоцна ја започнаа нивната романса.

Гвен претходно беше во брак со рок музичарот Гевин Росдејл со кој има и три деца, додека Блејк зад себе има два брака.

 

Објавено:
28 октомври 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
866 пати