Се жени Бруклин Бекам!

13 јули 2020

Семејството Бекам викендов објави убави вести. Најстариот од четирите деца на познатата двојка, Дејвид и Викторија, Бруклин, ја запроси својата девојка Никола.

Романтичниот настан се случил пред две недели, но 21-годишниот Бекам вчера ја сподели информацијата на својот Инстаграм профил.

„Пред две недели ја прашав мојата сродна душа да се омажи за мене и таа се согласи. Јас сум најсреќниот човек на светот. Ветувам дека ќе бидам најдобар сопруг и татко еден ден. Те сакам“, напиша тој под фотографијата.

„Ме направи најсреќна девојка на светот. Едвај чекам да го поминам остатокот од животот покрај тебе. Твојата љубов е најскапоцен дар. Те сакам многу и Харпер благодарам за оваа фотографија“, беше одговорот на неговата избраничка.

Убавата вест ја споделија и неговите родители.

„Ги имам највозбудливите вести! Не можеме да бидеме посреќни што Бруклин и Никола Ен Пелц ќе се венчаат. Ви посакуваме многу љубов и да живеете среќно до крајот на животот. Ве сакаме многу!“, напиша Викторија, под чија објава коментираше и идната госпоѓа Бекам: „Те сакам многу Викторија. Јас сум најсреќната девојка“.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by nicola (@nicolaannepeltz) onJun 14, 2020 at 11:18am PDT

Својата радост ја сподели и Дејвид Бекам.

„Честитки за овие прекрасни луѓе. Многу сме среќни што почнувате едно заедничко патување“, напиша фудбалерот.

 Инаку, британските медиуми споделија и информација дека прстенот на 25-годишната Никола чини околу 160.000 фунти.

Извор близок до семејството за „Дејли мејл“ изјавил дека родителите на Бруклин се пресреќни што конечно нашол девојка која не е со него само поради тоа што е син на познати родители и има пари.

И да, таткото на Никола, Нилсон Пелц е познат американски тајкун, мултимилионер, близок до претседателот Трамп.

Инаку, Никола е најмлада од осумте деца на нејзиниот татко, од кои шест се момчиња. Младата актерка и модел е од неговиот втор брак со Клаудија Пелц, која мајка на шест од децата и е позната по добротворната работа. Две се од неговиот прв брак, додека бил студент.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by nicola (@nicolaannepeltz) onMar 16, 2020 at 8:25pm PDT

Како девојче, Никола се занимавала со хокеј и ѝ претстоела светла кариера во женската лига, но на 12 години, се откажува од спортот и се насочува кон драмата и актерството.

Интересно е што во британските медиуми пред неколку години се појави „трач“ поради кој е наречена „Злобната девојка на Холивуд“. Имено, актерката Бела Торн во една пригода наводно изјавила дека Никола е злобна и дека ниту еден од нејзините браќа и сестри нема таков карактер, како и тоа дека ја избегнува во широк круг, бидејќи е пакосна.

Од тогашната госпоѓица Пелц, а наскоро госпоѓа Бекам, немаше никаква реакција.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@brooklynbeckham) onMar 8, 2020 at 11:53am PDT

Инаку, Бруклин и Никола се запознале преку заедничката пријателка, Софија Ричи. Во октомври минатата година ја започнуваат врската, а во март годинава започнуваат да живеат заедно во стан во Њујорк.

Како пренесуваат британските медиуми, планирани се две венчавки следното лето, на двете страни од Атлантикот, кои ќе чинат околу 4 милиони фунти.

 

Објавено:
13 јули 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.164 пати