Секоја лузна има приказна – ова се лузните и приказните на познатите...

22 мај 2020

Секоја лузна има приказна.

Ако и самите ја/ги имате, веројатно секоја ви е потсетник на одредена ситуација или период од животот. И тука се за да нè потсетат дека сме живи.

Можеби ќе се изненадите колку и кои од познатите личности имаат лузни. Некои од нив и на видливи места но, можеби никогаш не сте ги забележале. Приказните зад тие лузни може да ни дадат увид во нивната интима и какви всушност се тие како луѓе, не само како ѕвезди.

Кои се приказните зад лузните на Кијану Ривс, Џејсон Момоа, Сил, Енди Ворхол, Стив Бушеми, Шерон Стоун, Хоакин Феникс, Сандра Булок, читате во продолжение.

Џејсон Момоа
Момоа својата препознатлива лузна на левата веѓа ја добил во 2008 година. Бил во еден бар во Холивуд кога непознат човек го нападнал со скршено шише и го исекол. Актерот заработил 140 конци, а човекот што го нападнал, 5 години затвор. Сега, оваа лузна е препознатливост за популарниот актер.

Сил
Иако постојат разни приказни за видливите лузни на лицето на познатиот пејач Сил, сепак встинската е дека тој како дете боледувал од лупус, кожна болест која се манифестира со воспаление, лузни, како и трајно опаѓање на косата.

Енди Ворхол
Еден од најпознатите режисери и современи визуелни уметници, Енди Ворхол, во 1968 година бил нападнат и повреден со истрел, при што сериозно му биле оштетени белите дробови. Хирурзите морале да извршат сериозна операција, да му ги отворат градите и да му го стимулираат срцето, за да му го спасат животот. Инаку нападот го извршила Валери Соланас, радикална феминистичка писателка, која всушност се појавува и во еден од неговите филмови „I, a Man". Поради повредата, Ворхол морал да носи медицински корсет до крајот на животот.

Кијану Ривс
Еден од омилените холивудски актери има огромна лузна на абдоменот, како последица на операција по сообраќајна несреќа со мотор. Несреќата се случила на таканаречено „demon ride", што подразбира ноќно возење без светло, при што Кијану удрил во рид на отворен пат.


Стив Бушеми
Бушеми се здобил со лузна во делот на вратот и на левата страна од лицето, во 2001 година за време на снимањето на филмот „Domestic Disturbance". Една вечер со дел од филмската екипа отишле во бар, каде се случила тепачка во која актерот сериозно настрадал, откако млад човек неколку пати го прободел со нож во делот на вратот, лицето, вилицата и рамото. Повредите биле толку сериозни што бил доведен во прашање животот на актерот. Но, за среќа медицинските лица го спасиле.

Шерон Стоун
Стоун лузната во делот на вратот ја носи уште од дете. Ја здобила откако јавајќи на коњ се заплеткала во затегнат кабел. На многу од нејзините јавни фотографии, лузните се камуфлирани.

Хоакин Феникс
Оскаровецот Феникс е роден со лузна меѓу носот и устата и е негов идентитет и знак на препознатливост.

Сандра Булок
Булок има мала, речиси невидлива лузна под левата веѓа. Кога била мала, паднала во езеро и со главата удрила во камен, при што се здобила со лузната, за среќа без посериозни последици.

Извор: Bored Panda

 

Објавено:
22 мај 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
731 пати