Сексапилната Миранда Кер највпечатлива во првите редови на шоуто на Луј Витон

1 октомври 2014

Во очи на последниот ден од париската модна недела, можевме да видиме уште едно големо име чија колекција со нетрпение се очекуваше.

Одличниот Николас Гескиер од Луј Витон ја прикажа пролетната колекција чија презентација дојдоа да ја видат најголемите обожавателки на брендот.

Најпознатата австралиска манекенка Миранда Кер дефинитивно се издвои од сите останати со длабокото деколте и совршениот црн фустан од колекцијата на брендот. Манекенката се одлучи за минимална шминка и фризура, со оглед на тоа што целото внимание беше насочено кон нејзината беспрекорна фигура во малиот црн фустан.

Подеднакво впечатлива и тренди беше и шармантната Селена Гомез која на ревијата се појави во кусо фустанче со невообичаена комбинација на принтови од пролетната колекција на брендот.

Дел од гостите на ревијата беше и прекрасната и секогаш насмеана руска манекенка Наталија Водјанова која изгледаше неверојатно во интересното кусо фустанче со црн ремен на половината.

Подолу во галеријата погледнете ги стајлинзите на прекрасните дами – обожавателки на Луј Витон и дел од парчињата од новата колекција на брендот.

Објавено:
1 октомври 2014
Категорија: 
Сцена