Секси Шарлиз Терон на насловна на Esquire

15 април 2015

charlize-theron-esquire-magazine-may-2015-cover

Во секси издание, актерката Шарлиз Терон ја краси насловната страна на мајското издание на магазинот Esquire. Покрај тоа, даде и ексклузивно интервју, каде зборува за новото филмско остварување Mad Max: Fury Road.

Освен што зборува за физичките подготовки за филмот, нејзиниот колега во остварувањето, Том Хардли, Шарлиз одлучи да проговори и за нејзиниот животен партнер Шон Пен и можноста за брак со него:

-Бракот е нешто што отсекогаш не го чувствувам за блиско до мене. Ми се допаѓа секоја опција, но сега навистина уживам во себе и секој момент од денот, како тоа се совпаѓа со мојот син, мојот живот и пријателите. Јас сум многу, многу среќна девојка. Многу среќна. Шон е многу секси. Многу! Како тоа би го пренеле во интервју? – како 40-годишна жена која звучи како 16-годишна. Има нешто убаво во тоа. Но, постои недостиг од изразување и пренесување со зборови на вистинското чувство кога некој ќе влезе во вашиот живот и ќе направи да видите нешто што никогаш порано не сте можеле да видите. Некој да ми речеше дека ова ќе ми се случи, ќе му речев: „Оде*би“. Како што можете да видите, ме прави да се смеам – вели актерката во дел од интервјуто.

charlize-theron-esquire-may-2015-photo

Објавено:
15 април 2015
Категорија: 
Сцена