Селена Гомез има дијагностициранo состојба на биполарно нарушување

4 април 2020

Поп ѕвездата Селена Гомез преку Инстаграм ѝ соопшти на јавноста дека ѝ е дијагностицирана состојба на биполарно растројство.

Пејачката многупати до сега отворено зборувала за своите проблеми со менталното здравје, но за прв пат кажа дека се соочува со биполарно нарушување.

„По толку многу години поминати во соочување со различни ситуации, сфатив дека сум биполарна. Но, кога дознавам повеќе информации за состојбата, тоа всушност ми помага. Не ме плаши повеќе, кога веќе знам што е. А мислам дека луѓето се плашат од тоа", Harper's Bazaar ја пренесува изјавата на Гомез.

Таа мораше да ја надмине стигматизацијата поради проблемите со менталното здравје и како што вели и самата, соочувањето со стравот ѝ помогнало во тоа.

Според Националниот институт за ментално здравје во Америка, околу 4,4% од возрасните граѓани на САД во животот се соочиле со оваа форма на ментално нарушување.

Објавено:
4 април 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
883 пати