По објавување на песната „De Una Vez“, популарната пејачка Селена Гомез ја почести својата публика со уште една песна и видео запис. Песната го носи името „Baila Conmigo“, а судејќи по насловот, ритамот и спотот, дефинитивно ќе ве натера да танцувате со неа. Песната е полна енергија, а за тоа допринесуваат и раперот Рау Алехандро и продуцентот Тајни кои ја придружуваат 28 годишната Гомез.
View this post on Instagram
Селена изгледа фантастично во бледо розовиот сатенски слип фустан во кој се појавува во спотот, а на фотографијата, со која на Инстаграм го најави својот прв албум на шпански јазик, носи црвена волуменозна креација на Џамбатиста Вали.
„Видеото го прикажува чувството на изолација кое сите го доживуваме моментално и како музиката навистина нѐ поврзува, без разлика каде во светот се наоѓаме,“ изјави пејачката.
View this post on Instagram
Спотот е сниман на локации во Лос Анџелес, Бразил и Мајами, а албумот е најавен за 12 март. До тогаш, слушајте ја „Baila Conmigo“ и танцувајте каде и да сте.