Селена Гомез смени четири стилски комбинации во еден ден

29 октомври 2019

Познатата актерка и пејачка во моментов го промовира нејзиниот нов филм „The dead don’t Die“, а се чини дека Селена Гомез е постилска од кога и да е.

За промоциите во Њујорк, таа смени дури четири комбинации во еден ден, а во секоја од нив изгледаше неверојатно добро.

Денот го започна во стилски костим во интензивна сина нијанса, составен од палто со ремен на половината и панталони со впечатливи црни линии од страните.

Истиот таа го комбинираше со транспарентна маичка одоздола и високи потпетици, а нејзината коса како и секогаш изгледаше неверојатно раскошно.

Нешто подоцна во денот, таа се појави низ улиците на Њујорк во свилен фустан со животински принт, а истиот го надополни со црни високи чизми и крем чантичка. Фризурата и шминката останаа исти, а се чини и нејзиното добро расположени.

 

Фустанот со потпис на скандинавскиот бренд Џани таа подоцна го промени за црна ролка и здолниште во пруги, во комбинација со сандали со интересни транспарентни детали и сребрена чантичка.

На крај на денот, актерката и пејачка го имаше највпечатливиот стајлинг за денот, кога се појави во женски кариран костим составен од широко палто и панталони со должина до глуждовите.

Токму овој стајлинг таа го надополни со најинтересните чевли во денот, во темна нијанса комбинирани со бела панделка и ниска потпетица.

Селена без проблем позираше со нејзините обожаватели на сите настани, а уживаше и во друштвото на пријателите по промоцијата на филмот.

Која комбинација на Селена најмногу ви се допадна?

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
29 октомври 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.945 пати