Селин Дион непрепознатлива во едиторијал за Харперс Базар

6 август 2019

Селин Дион продолжува да ги изненадува нејзините обожаватели ширум светот со фантастичните трансформации, па така последно можевме да ја видиме во одлична фотосесија за Харперс Базар во која изгледа непрепознатливо.

За потребите на сесијата, таа носи куса црна перика за која многумина ќе кажат дека одлично ѝ прилега, па можеби треба сериозно да размисли да ја скрати косата.

Модните критичари ќе кажат дека оваа фризура никогаш не изгледала подобро и дека ќе биде вистински хит во сезоната што доаѓа.

На фотографиите направени од големиот Марио Соренти кој ги сликаше сите останати икони за септемвриското издание на магазинот, пејачката носи уникатни креации од познати модни дизајнери во кои навикнавме да ја гледаме во последно време.

Септемвриското издание на Харперс Базар е од исклучително значење секоја година, но особено оваа поради прекрасните жени што ќе ги красат насловните, а кои дефинитивно имаат што да кажат. Сите дами се стилизирани од уредничката на магазинот, Карин Ројтфилд, а фотографирани од Соренти.

На трите објавени фотографии музичката дива изгледа навистина впечатливо, а некои од нејзините обожаватели ќе кажат дека не се многу задоволни што на моменти изгледа непрепознатливо.

Инаку, на една од фотографиите Селин носи интересен црн палто – фустан со копчиња во предниот дел и свилена „опашка“ во задниот.

На другата фотографија таа изгледа урбано и шик во комбинацијата составена од широки фармерки и зелено – жолта волуменозна јакна со бели чизми до над глуждовите.

На последната објавена фотографија која можеби е и највпечатлива Селин носи неверојатен фустан во пруги со додадени пуфкасти ракави со точки, а особено тука до израз доаѓа нејзината боб фризура.

Со оваа фотосесија, без разлика на негативните коментари, Селин Дион уште еднаш докажа зошто е една од омилените модни икони во последно време. 

Инфо: Allure.com

Фото: Mario Sorenti/Harper's Bazaar

Објавено:
6 август 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
583 пати