Селин Дион во лоша здравствена состојба

26 јануари 2022

Селин Дион е во лоша здравствена состојба. Таа веќе некое време се бори со болест на мускулите, но како пренесуваат светските медиуми, работата не оди на подобро. 

Како велат од „News.In“, пејачката веќе не може да се движи и постојано лежи па нејзините настапи и кариера се доведени во прашање.

Неодамна и нејзиниот ПР тим соопшти дека Селин боледува од мускулни контракции, што ѝ прави проблеми да се движи сигурно и нормално на сцената, па тоа беше причината поради која го откажа концертот во Лас Вегас, но и комплетната турнеја.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Céline Dion (@celinedion)

Пред десетина дена и пејачката се огласи на социјалните мрежи велејќи: „Мислев дека досега ќе закрепнам, но изгледа ќе треба уште некое време да ги следам советите на докторите и да бидам трпелива. Едвај чекам во целост да оздравам и да се вратам на моето секојдневие и на сцената“.

Пријателка на Дион вели дека таа со месеци се бори со долгограјни и силни грчевли во нозете и стапалата што буквално ја парализираат. Поради проблемите, наводно уште повеќе изгубила на килажата, што ја спречува да се грижи и за нејзините 11 годишни близнаци.

Сепак, пејачката не ја напушта ентузијазмот дека наскоро ќе биде се' во ред и ќе му се врати во целос на семејството, а во последната објава сподели ретро фотографија од раѓањето на нејзиниот син Рене Чарлс, со која му го честиташе 21 роденден.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Céline Dion (@celinedion)

 

 

Објавено:
26 јануари 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.491 пати