Селин Дион во шик розов комплет од Алберта Ферети

18 јули 2018

Етаблираната поп дива Селин Дион со секое свое ново јавно појавување, го оправдува епитетот модна икона.

Неодамна на аеродромот во Тајпеј таа го привлече вниманието во впечатлива комбинција за која вирално пренесоа сите светски модни медиуми, што укажува на нејзиното влијание и од моден аспект.

Овојпат избор на нејзиниот стилист Ло Роах беше кул аутфит - бомбер јакна и лежерни панталони, изработени од светкав материјал во комбинација на розова и црвена боја, дизајн на познатата креаторка Алберта Ферети.

Истата бомбер јакна ја носеше и познатата модна блогерка Кјара Ферањи на нејзината моминска забава на Ибица, но она што мора да забележиме е дека Селин на истото парче облека му дава поинаков шарм и свој печат.

Фото извор: Vanityfair.it

Објавено:
18 јули 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
595 пати
Тагови: 
Селин Дион стил