Селма Хаек доби ѕвезда на Патеката на славните

22 ноември 2021

Патеката на славните е побогата за една ѕвезда и тоа со името на Селма Хаек.

Викендов актерката во друштво со сопругот Франсоа Анри Пино и ќерката Валентина Палома присуствуваше на една од најголемите почести во Холивуд.

Стилот на Хаек честопати сме го критикувале, но овој пат навистина изгледа елегантно и софистицирано.

Лреација со широко здолниште, нагласен струк и сребрени детали во горниот дел и на болерото на вистински начин ги нагласуваат нејзините добри страни.

Нејзината ќерка пак, одбра црно мини фустанче со крзнени детали, oversized блејзер и високи чизми и ова е едно од ретките нејзини јавни појавувања.

Покрај ова, Селма го привлече вниманието и со говорото, во кој зборува за пречките кои ги имала на патот кон успехот.

„Се сеќавам дека во студиото многупати ми рекоа: „Зошто не се вратиш на теленовелите? Никогаш нема да најдеш работа тука“. Па си реков: „Никој не ме сака тука. Ме сакаат во мојата земја. Но, останав. Останав. Сакам да им кажам на сите кои се тука, на моите прекрасни обожаватели: Ако се прашувате што ми даде храброст за да останам, ќе речам дека тоа бевте вие, бидејќи иако не ме познаваа тука во Холивуд, сите Латиноамериканци кои се тука во САД знаеја која сум. Тие разбираа дека дојдов тука со соништа како нив" – посочи актерката во своето обраќање.

Меѓу присутните беше и Адам Сендлер, кој не штедеше комплименти за колешката, како човек и како актер.

 

 

Објавено:
22 ноември 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
630 пати