Селма Хаек: Полнам 53, па што?

2 септември 2019

Актерката Селма Хаек вчера на својот Инстаграм профил објави фотографија во бикини, со порака: „Утре полнам 53 години, па што?“.

Со оглед на тоа дека има тело на кое може да ѝ позавидат многу помлади жени, Хаек дефинитивно нема зошто да се грижи за годините. 

@salmahayek

Покрај оваа, последните фотографии на социјалните мрежи на актерката се од одмор, а на една од нив, која ја коментира со: „Моментот кога ќе се вљубиш во туѓо дете“, таа нема ни шминка на неа и изгледа одлично.

Во 2017 година се најде на насловна на магазинот „Едит“, а во текстот многу искрено го изрази своето соочување со педесетите години од животот.

„Сакав сè, но пред сè да бидам добра личност со добри принципи – тоа е вистинска амбиција. Другиот тип е очајност. Сега, мојата најголема амбиција е да бидам организирана личност. Можеби изгледа смешно, но се трудам 50 години да го постигнам тоа и сè уште не ми успева. Во некои делови од мојот живот сум неорганизирана. Ако не сакам да правам одредени работи, не ги правам. На тој начин се бунтувам. А потоа влегувам во неволја, како дете што нема да го сработи домашното. Подобро ми одат вежби, готвењето, но сè уште не сум таму каде што треба да бидам. Стареам и сè уште немам дисциплина. Секогаш си пронаоѓам изговори – патем, брилијантни се. Понекогаш си велам: „Имам 50 години! Зошто морам да изгледам добро? Веќе си го најдов човекот на мојот живот!". Но, исто така, не сакам ни да го изгубам тој човек", вели Селма во почетокот.

pinterest.com;

А потоа се надоврзува:

„Менопаузата е кај секого различна – некои жени ја поминуваат без проблем. Ако сè уште не сте во тој период, замислете дека го поминувате без проблеми. Не е забавно. Но, најголемиот дел од процесот на стареење се случува во моите очи. Не во брчките – туку очите. Јас сум мошне визуелна личност и сега не можам да читам без очила, а ги губам насекаде. Никогаш не слушам другите да се жалат за тоа што имаат очила. Јас навистина сум незадоволна и огорчена што зависам од нив и што со нив морам да го гледам светот. Тоа е навистина, навистина тажно. За мене ситуацијата со очите е многу полоша од менопаузата" открива актерката.

Во текстот се осврна и на облините, по кои ѝ е препознатлива:

„Родена сум во погрешно време, ера. Со големи гради, невозможно е да го пронајдете вистинското парче. Сигурна сум дека 50-тите или 70-тите повеќе ќе ми одговараа. Но, ми се допаѓа зборот „облина". Уметнички е. Тоа е прекрасна слика, има течение. Рамната линија знае да биде досадна. Мора да размислувате за енергијата, за убавината на звукот. Звукот не патува низ линиите – тој осцилира. Енергијата се осцилациите: водата е со облини, вибрацијата исто. Секси е и моќно. Нема да ве лажам, би сакала облините од некои места да ги снема, односно сакам мали облини", признава Хаек.

@salmahayek

На целиот текст и фотографиите ве потсетуваме ТУКА.

Среќен 53. роденден Селма!

@salmahayek

@salmahayek

@salmahayek

@salmahayek

@salmahayek

@salmahayek

@salmahayek

 

Објавено:
2 септември 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
3.285 пати