Семејни фотографии за 66 роденден на Донатела Версаче

3 мај 2021

Познатата дизајнерка Донатела Версаче вчера го прославуваше 66 роденден. Низ годините многу се коментираше нејзиниот изглед, дури и многу повеќе од начинот на кој ја води модната куќа „Версаче“.

Да се биде наследник на моден гениј како Џани не е лесно, таа успеа да го одржи брендот во врвот, но не може да се рече дека успеа да создаде нешто револуционерно, кога е облеката во прашање, како што тоа го умееше нејзиниот брат.

Сепак, на жените ширум светот им нудеше низ годините сексапил, фантазија и женственост и така го обезбеди и своето место во модната индустрија.

Ретко се појавува на модни настани, одбрани се и последните години ужива во својата приватност. Токму затоа, фотографиите што ги сподели по повод својот 66 роденден, многумина ги изненадија и забавија.

Се работи за семејни фотографии, кои зрачат со убавина, веселост, со живот иако се црно-бели.

„Ви благодарам на сите за прекрасните роденденски пораки. Денеска, повеќе од било кога, благодарна сум за моето здравје и тоа што го имам моето семејство околу мене. Се чувствувам многу среќна и благословена. Мојата роденденска желба е мошне едноставна - сите да бидете среќни!“, напиша Донатела под фотографиите, а многумина се согласија дека нејзините зборови се и суштината на животот, отсекогаш, но со посебен акцент на последните две години.

фото: @donatella_versace;

Прочитајте и:

Донатела Версаче пред операциите

Мајкл Корс го купи Версаче за две милијарди долари

Објавено:
3 мај 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
416 пати