Серена се подготвува за големиот ден

15 август 2017

Тенисерката Серена Вилијамс е пред крајот на својата бременост. Изминатиов викенд беше забележана во Флорида, како со свршеникот и мајка си пазарува во еден маркет.

Но, она што уште повеќе привлече внимание е што Серена со своите следбеници на социјалните мрежи сподели дека се наоѓа во 37 недела и ги замили за совет.

мајката на Серена Вилијамс; фото извор: dailymail.co.uk

Серена и Алексис; фото извор: dailymail.co.uk

Со оглед на тоа дека 40-тата недела се наближува, тенисерката ја интересираше кога е вистинското време да се спакува торбата со неопходни работи:

„Кога ја спакувавте вашата торба? Еден месец пред породувањето? 6 недели? 8 недели? Јас сосема одолговлекувам. Но, имам уште многу време... Мислам... Има ли нешто што не очекувавте дека ќе ви треба, а се покажа спротивно“, напиша Вилијамс на „Reddit“.

Веднаш по објавувањето на прашањата, спортистката доби бројни совети од своите обожаватели и мајки.

Меѓу одговорите имаше сè и сешто, од тоа дека ѝ треба маска за спиење, чепчиња за уши, стрес-топка, грицки, вода, апостолки, вентилатор, ќебе, ластичиња и шноли за коса, креми за гради...

Многу мајки ја советуваа да си земе и нешто за забава, а на тоа нејзиниот свршеник ко-основачот на „Reddit“ одговори дека „Нетфликс ќе ѝ биде овозможен на нејзиниот ајпад“.

И уште еднаш се потврдува тоа дека, без разлика колку е некој познат или моќен, сепак е само човек кого на одредена тема го мачат исти прашања како и сите други.

 

Објавено:
15 август 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
634 пати