Сестрите Олсен лансираат нова колекција накит

1 ноември 2014

По успешното лансирање на брендот за облека „The Row“, сестрите Олсен решија да го прошират бизнисот со дизајнирање на накит. За почеток тие остварија соработка со StyleMint Studio, која резултираше со лансирање на капсулна колекција со наслов „AMKxSM“. Колекцијата е изработена од квалитетни материјали и е составена од прстени, ѓердани и алки, со акцент ставен на минимализмот.

Квалитетот на изработката на накитот е на исто ниво какво што преовладува во изработката на парчиња за модниот бренд „The Row“, а разликата е во цените, односно колекцијата која од денес е пуштена во продажба е составена од накит, чија цена е од 30 долари, па нагоре.

Објавено:
1 ноември 2014
Категорија: 
Сцена