Северина го следи оскаровскиот тренд - Розов фустан за црвен килим

27 февруари 2019

Во Загреб вчеравечер се одржа премиерата на филмот „Последњи Србин у Хрватској“, во кој на Северина ѝ беше доделена улога.

Таа на црвениот килим се појави во розова креација, со што покажа дека го следи оскаровскиот тренд. За потсетување, на неодамна одржаните „Оскари“, на црвениот килим доминираа токму креации во розови нијанси.

Оваа на Северина е од британската дизајнерка Алесандра Рич. Се работи за фустан со долги ракави и висок околувратник. Должината е до глужд, а посебно го красат копчињата од лева страна, високите манжетни на ракавите, кои се малку набрани и во делот на рамениците. 

Со фустанот оди и ременот со тока во форма на срце. 

Чевлите се колор-блок, во портокалово-розова нијанса, а транспарентната штепувана чанта е со потпис на модната куќа „Валентино“.

Како ви се допаѓа ова модно издание на пејачката?

 

фото извор: (Foto: Marko Prpić/Pixsell)/zadovoljna.dnevnik.hr

 

Објавено:
27 февруари 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.082 пати
Извор: 
zadovoljna.dnevnik.hr