Северина пишува моден прирачник!

22 октомври 2014

severina24022014-facebook

Пејачката Северина речиси секогаш ја гледаме во беспрекорни модни комбинации. Таа неодамна со синот Александар беше во Дизниленд, се шеташе низ Париз, а според најновите нејзини планови, изгледа овој град многу ја инспирирал.

Така, не само што одмарала, Севе престојот во Франција го искористила и за подготовката на својот прв моден прирпачник за дами.

-Моја е идејата, моја е замислата. Тоа е роковник со душа и не само тоа... Всушност, не е мој производ, мене само ме „искористија“ да ја нацртам насловната страна и се' што е внатре. Тоа го патентираше една наша жена, многу симпатична, која овој прирачник ќе го продава насекаде низ Европа, а ќе биде преведен на неколку јазици - изјави пејачката за домашните медиуми.

Таа додаде дека освен огледалцето, неколку цитати и делови на писма, прирачникот ќе содржи и се' што и' е потребно на една жена за на пат.

Останува да почекаме и да видиме

Објавено:
22 октомври 2014
Категорија: 
Сцена