Шакира затаила данок од 14, 5 милиони евра?!

30 јули 2021

Познатата пејачка Шакира се најде во скандал. Имено, како пренесуваат шпанските медиуми, откако судијата оценил дека има доволно индикации за судење, на Шакира ѝ се заканува казна.

Државното обвинителство во Барселона ја обвинува 44 годишната ѕвезда за затајување на 14.5 милиони евра данок на државата, во период помеѓу 2012 и 2014 година.

Пејачката пак, ги отфрла обвинувањата.

Доколку не се постигне договор надвор од судот, Шакира би можела да се најде и во затвор, пренесуваат шпанските весници. 

Инаку, државните обвинители во Барселона велат дека пејачката требала да ѝ плати данок во споменатиот период на Шпанија, додека пак Шакира вели дека од 2012 до 2014 година била даночен обврзник на Бахамите, а не Шпанија и дека во Шпанија само повремено патувала, па според тоа не должи ништо. 

Но, од обвинетелството тврдат дека пејачката живеела во Шпанија повеќе од 183 дена, секоја од спорните години, а должината на престојот прави таа да треба да ѝ плати данок на Шпанија.

Чија вистина ќе биде погласна, останува да видиме.

 

Објавено:
30 јули 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
453 пати