Шарапова го менува презимето во Шугарпова

21 август 2013

Руската тенисерка Марија Шарапова планира повремено да го промени своето презиме во Шугарпова, за подобро да ја промовира кампањата за бомбони. Своето барање тенисерката го достави до Врховниот суд во Фрорида и ако биде усвоено, Марија ќе се презива Шугарпова.

 

Според регуларните правни процедури, 26 годишната руска тенисерка би требало да добие дозвола од организаторот JU Es open, за нејзиното ново презиме да го внесат во програмата за турнири.

 

Шарапова во 2012 година со 500 илјади долари ја основа компанијата за слатки Шугарпова која произведува бомбони со различен вкус, а постојат видови под името „кокетна“ и „обземено“. Според листата на Форбс, Шарапова е најплатената спортистка на годината, бидејќи измеѓу јуни 2012 и јуни 2013 заработила 29 милиони долари. Таа заработи благодараение на добро одиграните турнири и спонзорски договори.

Објавено:
21 август 2013
Категорија: 
Сцена