Шарлиз Терон, Џеј Ло и Рене Зелвегер ѕвезди на филмскиот фестивал во Палм Спрингс

3 јануари 2020

 Од вчера па до 13 јануари ќе трае годинашното, 31. издание на „Палм Спрингс Интернешнал филм фестивал“.

За овие единаесет дена колку што трае филмскиот фестивал, ќе бидат прикажани голем број остварувања што ја одбележаа годинава. Вчера, на првиот ден се случи проекцијата на „Тие се бомби“.

Како предвесник на сезоната на награди, а во исчекување на „Златните глобуси" кои се закажани за 6 јануари, овој фестивал вчера ги пречека дел од најголемите ѕвезди во Холивуд.

На црвениот килим прошетаа Џенифер Лопез со партнерот Алекс Родригез, потоа прекрасната Шарлиз Терон, Рене Зелвегер, Селма Хаек, Квентин Тарантино...

Погледнете и како изгледаа:

Рене Зелвегер во панталони и горен дел од нежна тантела, креација на дизајнерот Џејсон Ву

 

Квентин Тарантино во комплетно црна комбинација

 

 

И Селма Хаек се одлучи за црна нијанса, но се работи за фустан со карнери со потпис на „Гучи“, модната куќа која е нејзин чест избор

 

И Грета Гервиг носи креација на „Гучи“, миди фустан од кадифе во темновиолетова нијанса, со нијансирани реси во горниот дел

 

 Синтија Ервио во креација на модната куќа „Скјапарели", која ја следи линијата на телото

 

 Лора Дерн се одлучи за впечатлива цветна креација со карнери и висок околувратник, во комбинација со нежна тантела, а со потпис на модната куќа „Ердем“

 

Цветен фустан беше и изборот на Џеј Ло. Се работи за креација на Ричард Квин, со А-форма, со огромен плашт во задниот дел. Фустанот е впечатлив, а модните магазини веднаш потенцираа дека Џенифер е повторно една од најдобро облечените на црвениот килим. Со раскошната креација актерката се пофали и на својот инстаграм профил: 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) onJan 2, 2020 at 10:02pm PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@jlo_frombx) onJan 3, 2020 at 2:35am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by British GLAMOUR (@glamouruk) onJan 3, 2020 at 2:33am PST

 

А меѓу најдобро облечените се најде и Шарлиз Терон. Таа се одлучи за креација од модната куќа „Диор“. Се работи за дводелен костим, составен од миди карирано здолниште, додека горниот дел е варијација на палто, но преточено во креација без ракави, односно во комбинација со мрежа

Објавено:
3 јануари 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.448 пати