Шарлиз Терон е опасно секси во фотосесија за W магазинот

21 април 2015

Секогаш прекрасната актерка Шарлиз Терон е девојка од насловната во Диор палто за мајското издание на магазинот W.

Русокосата убавица за фотосесијата во магазинот позира пред објективот на Mert & Marcus, а сите стајлинзи за неа ги направи Едвард Енинфул.

Покрај секси фотосесијата, прекрасната актерка во интервјуто за магазинот говори и за нејзината улога во филмот „Mad Max: Fury Road“.

„Кога прв пат седнавме да разговараме за улогата, мојот лик требаше да биде нешто налик дуг и албино. Но, потоа си помислив дека би било супер и да ја избричам главата. Го викнав Џорџ (режисерот на филмот) и му ја кажав мојата идеја. Тој ме погледна и не кажа ништо. Мислев дека тоа е добар знак. Земав машинка за бричење и си ја избричив главата“, вели актерката во интервјуто.

Американската премиера на филмот во кој покрај Шарлиз Терон глумат и Том Харди, Николас Хоулт, Зои Кравиц и Роси Хантингтон Вајтли ќе се случи на 15 мај.

Објавено:
21 април 2015
Категорија: 
Сцена