Шарлиз Терон: Најдобрите години за жените се 40-тите

30 август 2014

Таа важи за една од најубавите жени во светот, а откако овој месец август наполни 39 години и  è на прагот од 40-тата година од својот живот, шармантната актерка Шарлиз Терон  за странскиот моден медиум WWD открива како се чувствува. Русокосата убавица веќе 10 години е заштитно лице на престижниот Диор, а ужива и привилегија на домашна адреса да и стигнуваат скапоцени фустани.

-Неверојатно сум среќна и се чувствувам исполнета, млада и здрава, зарем тоа не е најважнио?! Кога веќе ме прашувате за сите скапоцени фустани што ги поседувам можам да ви кажам  сум сигурна дека повеќето од нив нема никогаш да ги облечам, вели актерката и додава дека многу гардероба им поклонува на пријателките.

Шарлиз исто така открива и дека не и é јасно зошто целиот концепт околу убавината кружи околу дваесетгодишните.

-Милам жените ја пронаоѓаат својата снага и моќ преку сексуалноста и сензуалноста во текот на созревањето, стареењето и добрата облека. Иронично е концептот за убавината да се врти само околу дваесетгодишните кои се уште немаат мудрост и не знаат што е животот. Кога жената станува свесна за својата вредност, не поради мажите туку поради себе, тогаш тоа е прекрасно. Затоа, верувам дека е вистина кога луѓето ќе кажат дека 40-тите се најдобрите години за жените, завршува Шарлиз.

 

 

Објавено:
30 август 2014
Категорија: 
Сцена