Шарлиз Терон за прв пат откри зошто нејзиниот син носи фустани

19 април 2019

Веќе подолго време медиумите објавуваат фотографии од седумгодишниот син на актерката Шарлиз Терон облечен во фустани и претежно женска облека.

Шпрекулациите велат дека таа всушност го одгледува нејзиниот син Џексон како девојче, па оттаму и облеката.

Деновиве таа конечно изјави дека шпекулациите се вистина и дека Џексон е девојче толку колку што е и неговата тригодишна сестра, Август.

„Да, и јас мислев дека е момче, сè додека таа не ме погледна кога имаше три години и ми рече: Јас не сум момче. Па сега имам две прекрасни ќерки кои како и секој родител, сакам да ги заштитам што е можно повеќе. Не е на мене да одлучам кои ќе бидат тие кога ќе пораснат, можат сами да одберат. Мојата работа како родител е да ги сакам и да бидам сигурна дека ќе добијат сè што сакаат за да можат да бидат она што сакаат. Ќе направам сè што е во моја моќ тие да го уживаат правото да бидат што сакаат“, изјави актерката, пренесува Дејли Мејл.

Таа додава и дека може да ја „обвиниме“ нејзината мајка за овие нејзини размислувања, бидејќи таа ја учела дека мора да зборува гласно и да се бори за она што го сака.

„Таа ми велеше дека кога животот ќе заврши, мораш да знаеш дека си ја живеел вистината што си ја сакал и дека ништо негативно не смее да произлезе од тоа“, вели актерката.

Инаку, таа е порасната во Јужна Африка, со татко алкохоличар кој бил убиен од нејзината мајка кога еден ден дошол бесен дома сакајќи да ги убие и двете и таа го застрелала во самоодбрана.

Оттогаш, таа пораснала со нејзината мајка која ја преземала фирмата на сопругот и успеала за неколку години да ги врати сите долгови што тој ѝ ги оставил.

Токму нејзината мајка е најголемата инспирација за Шарлиз, па актерката ќе каже дека поради неа е горда што е жена.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
19 април 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
4.377 пати