Сопругата на Џон Леџенд и една од најбараните модели на денешницата, Криси Тиген го отвори својот плакар за познатата онлајн платформа The Coveteur. 

Сосема неочекувано, во нејзиниот плакар тие најдоа неодоливи бохо парчиња, иако се чини дека таа секогаш ја избира елеганцијата и сексапилот пред сѐ. 

Плакарот на оваа прекрасна девојка е преполн со дизајнерски чанти, чевли, јакни, шапки и што уште не. Некои од нејзините омилени модни куќи чии парчиња таа обожува да ги купува се Баленсијага, Валентино, Балман, Сен Лоран и Живанши. 

Покрај тоа што таа е успешна манекенка, Криси обожува да прави и супер модни комбинации, а најголема обожавателка е на чевлите, шапките и бохо фустанчињата. 

Јакните со реси, сандалите со врвки, малите кожени чантички и фраерските јакни со потпис на Балман се парчињата што најчесто можат да се најдат во нејзиниот плакар. 

Таа ги отвори вратите од семејниот дом за тимот на Coveteur, а во галеријата погоре, погледнете што тие пронајдоа внатре.

 

Објавено:
19 август 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.308 пати